Линкови за пристапност

Почина Едуард Шеварднадзе


Поранешниот грузиски претседател одигра значајна улога во завршувањето на Студената војна

По долго боледување, на 86- годишна возраст почина поранешниот претседател на Грузија и министер за надворешни работи на Советскиот сојуз Едуард Шеварднадзе.

Шеварднадзе одигра значајна улога во ставањето крај на Студената војна, помогна во преговорите за обединување на Германија и ги предводеше реформите на Советскиот Сојуз во време додека беше министер за надоворешни работи.

По распадот на Советскиот Сојуз, се врати во Грузија и помогна во нејзината стабилизација. Тој беше избран за претседател во 1995 година. Додека беше на власт преживеа два обида за атентат.

Неговата влада беше обвинета за корупција и за изборен фалсификат на парламентарните избори во 2003 година, по што беше принуден да се повлече од функцијата.

XS
SM
MD
LG