Стотици граѓани денеска се собраа во зградата на Капитол во Вашингтон со цел да му оддадат последна почит на поранешниот претседател Џорџ Х.В. Буш, чие тело е изложено во Ротундата на националниот Капитол.
На посетителите им е дозволено да поминат покрај ковчегот на Буш, кој утре рано наутро ќе биде пренесен во Националната катедрала во Вашингтон, каде ќе се одржи меморијална служба. Погребот ќе се одржи в четврток кај претседателската библиотека во Тексас.
Џорџ Х.В. Буш, 41-виот американски претседател, кој служеше еден мандат во Белата куќа од 1989 до 1993 година, доцна во петокот на 94 годишна возраст по неколку години боледување, почина во Тексас, каде што живееше.
Ќе бидам со семејството Буш за да му оддадам почит на претседателот Џорџ Х.В. БушДоналд Трамп, претседател на САД
На вечерна служба во Капитол во понеделникот официјални претставници на Вашингтон му оддадоа почит на Буш. Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп оддадоа почит со минута молчење до ковчегот на Буш, по што претседателот го упати својот поздрав до поранешниот претседател.
Трамп ќе присуствува на погребот, но не се очекува да има обраќање. Во понеделникот, во порака на Твитер, Трамп напиша: „Ќе бидам со семејството Буш за да му оддадам почит на претседателот Џорџ Х.В. Буш.“
Во претходен коментар на Твитер, Трамп рече: „Претседателот Џорџ Х. В. Буш имаше долг, успешен и прекрасен живот. Секогаш кога бев со него, видов дека му се радува на животот и се гордее со неговото семејство. Неговите успеси се огромни, од почеток до крај. Тој навистина беше прекрасен човек и на сите ќе нѝ недостига“.
Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, рече дека Америка e заедно со семејството Буш „во жалост, но и во благодарност.“
Потпретседателот Мајк Пенс изјави дека учтивоста на Буш била очигледна „за сите што некогаш го сретнале“.
Поранешниот државен серетар Џејмс Бејкер и пријател на Буш шест децении, за Си-Ен-Ен изјави дека Буш бил најљубезната и највнимателната личност која ја познавал.
Тој рече дека квалитетот на животот на Буш значајно се влошил во последните месеци, но сепак можел да зборува по телефон со своите деца, вклучувајќи го и поранешниот претседател Џорџ В.Буш.
Бејкер рече дека последните зборови на постариот Буш биле: „И јас те сакам“, обраќајки се до 43-тиот американски претседател.
Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс рече дека среда е прогласена за национален ден на жалост, а знамињата на Белата куќа веќе се спуштени на половина копје.
Њујоршката берза соопшти дека ќе биде затворена во среда во чест на Буш.
Традиционално, државниот погреб е настан кој трае од седум до десет дена и се состои од три фази: церемонии во државата во која живеел поединецот, церемонии во Вашингтон, а потоа и церемонии во државата во која поединецот избрал да биде погребан.
Facebook Forum