Законот што постои речиси две децении и кој забранува хомосексуални мажи и жени отворено да служат во американската армија во вторник може да биде укинат во американскиот сенат.
Лидерот на сенатското мнозинство Хари Рид ја додаде мерката на масивниот предлог-закон за трошоци на армијата тежок 725 милијарди долари, со што би завршила праксата „не прашувај, не кажувај“. Според законот, хомосексуалци можат да служат во армијата доколку нивнта сексуална ориентација не е откриена.
Околу 13.000 лица се отпуштени од армијата откако политиката почна да се применува во 1993.
Опозиционите републикански законодавци , предводени од сенаторот од Аризона Џон Мекејн, ветија дака ќе употребат процедурален маневар да ја симнат мерката од законот за армиски трошоци. Многумина сакаат да почекаат додека Пентагон не ја заврши ревизијата на тоа каков ефект на трупите би имало укинувањето на забраната.
Секретарот за одбрана Роберт Гејтс и морнаричкиот адмирал Мајкл Мулен, командантот на здружениот генералштаб, отворено го поддржуваа укинувањето на законот.
Федерален судија во Калифорнија порано месецов пресуди дека политиката на „не прашувај, не кажувај“е неуставна.
Рид исто така прикачи мерка на законот што на учениците кои во земјата се нелегално им дава шанса да добијат американско државјанство доколку служат во армијата.
Според законот што сега е во сила, хомосексуалци можат да служат во армијата доколку нивнта сексуална ориентација не е откриена