Линкови за пристапност

Половина од Американците не сакаат самоуправувачки возила


Последната анкета на „Галуп“ покажува дека 54 проценти од граѓаните на САД се против автоматизирани автомобили

Десет милиони самоуправувачки автомобили треба да се најдат на улиците во светот до 2020-та година.

Но, според одредени проценки, Американците се двоумат за ваквиот тип технологија.

Последната анкета на „Галуп“, покажува дека повеќе од половина од американските жители, или 54 проценти, не сака да користи автоматизирани автомобили.

Речиси 59 отсто не би се чувствувале сигурно во вакви возила, додека 62 отсто од испитаниците се изјасниле дека би се чувствувале неудобно ако на улиците има и самоуправувачки камиони или други возила.

Во анкетата учествувале вкупно 3.297 граѓани, а била спроведена во периодот од 15-ти септември до 10-ти октомври минатата година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG