Линкови за пристапност

Г7 ги осуди руските избори во окупираните региони на Украина


Изборите се одржаа во Крим и во украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, каде партијата на претседателот Владимир Путин вели дека освоила најмалку 70 отсто од вкупните гласови
Изборите се одржаа во Крим и во украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, каде партијата на претседателот Владимир Путин вели дека освоила најмалку 70 отсто од вкупните гласови

Министрите за надворешни работи на Г7 и на Европската Унија ги осудија „лажните избори“ во териториите окупирани од Русија во Украина, велејќи дека тие имаат за цел да го легитимизираат владеењето на Москва во областите незаконски заземени со сила.

Изборите се одржаа во Крим и во украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, каде партијата на претседателот Владимир Путин вели дека освоила најмалку 70 отсто од вкупните гласови.

Деталните резултати допрва треба да бидат објавени.

Во изјавата објавена денес, министрите рекоа дека изборите се дополнително нарушување на независноста и суверенитетот на Украина.

„Русија нема легитимна основа за какви било такви акции на територијата на Украина“, се вели во соопштението.

Русија се очекува да го искористи изборниот успех што го тврди за да спроведе незауздана политичка контрола на спорните територии, вклучително и задушување на потенцијалните бунтови.

Русија веќе мачи, произволно затвора и насилно депортира дисиденти „за да внесе страв и да ја потисне украинската култура“, се вели во соопштението на Г7.

Но, Кремљ тврди дека позитивните анкети и убедливите изборни резултати се доказ дека партијата „Единствена Русија“ му служи на јавниот интерес.

XS
SM
MD
LG