Руските власти викендов одржуваат локални избори во окупираните делови на Украина во обид да ја зајакнат контролата врз териториите што Москва незаконски ги анектираше пред една година и сè уште не ги контролира целосно.
Гласањето за законодавните тела поставени од Русија во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје веќе започна и завршува в недела.
Тоа го осудија Киев и Западот.
Украинските пратеници ги повикаа другите земји да не ги признаваат резултатите од гласањето.
Еден аналитичар рече дека е важно Русија да продолжи со гласањето за да ја одржи илузијата за нормалност.