Линкови за пристапност

Европските лидери ќе останат посветени на Договорот за климатски промени


Европските лидери воочи Самитот на Групата 20 во Хамбург, Германија, ја истакнаа својата посветеност на Договорот за климатски од Париз, и покрај американската одлука да се повлече од него.

По состанокот во Берлин, канцеларката Ангела Меркел изјави дека европските учесници во Г-20 се посветени на Парискиот договор и по прашањето ќе разговараат за време на самитот следниот месец.

„Жалиме, барем од германска страна, дека САД одлучија да го напуштат овој договор“, истакна Меркел. „Но, очигледно на Самитот ќе се осврнеме и на прашањата за климатските промени“.

Францускиот претседател Емануел Макрон е со сличен став, велејќи дека европските лидери „ја потврдиле својата мошне силна посветеност на Договорот од Париз“.

Сепак, Макрон додаде дека „не е од корист да се изолира една држава“, а Меркел зборуваше и за важноста САД да бидат дел од Г-20.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец објави дека САД ќе се повлечат од Договорот за климатски промени склучен во Париз во 2015-та година. Целта на договорот е ограничување на испуштањето на јаглеродниот диоксид и намалување на растечките глобални температури.

Трамп за договорот рече дека е неправеден кон САД, и дека ќе и` наштети на економијата, додека речеси и да нема никаков придонес за глобалното затоплување. Тој предложи повторно да се преговара по него, но, други светски лидери велат дека тоа ќе биде невозможно.

Самитот на Г-20 ќе се одржи на 7-ми и 8-ми јули.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG