Линкови за пристапност

Г20 се фокусира на светската економија


Г20 се фокусира на светската економија
Г20 се фокусира на светската економија

Светските лидери на вториот ден од економскиот самит го вртат вниманието кон стабилизирање на глобалната економија.

Светските лидери на вториот и последен ден на економскиот самит на Г20 во Франција планираат да се фокусираат на стабилизирањето на глобалната економија по ден што беше во знакот на внатрешните грчки политички превирања кои се закануваа да ја фрлат еврозоната во економска катастрофа.

Лидерите на најголемите економии во светот во петок се очекува да разгледуваат поттикнување на домашната потрошувачка и зголемување на ресурсите на Меѓународниот монетарен фонд – двата чекори наменети да го намалат глобалното влијание на европската должничка криза.

Се очекуваше самитот да биде фокусиран на смирување на глобалните пазари и имплементирање на посилни финансиски регулативи, но разговорите во четвртокот беа во сенката на колебањето на Грција да се придржува на условите во пакетот за финансиско спасување усвоен минатата недела од ЕУ.

Доцна во четвртокот претседателот на Франција Николас Саркози уште еднаш ја поттикна Грција да го прифати договорот што од Грција бара да направи буџетски кратења кои се многу непопуларни кај грчкиот електорат.

Без тие фондови, Грција ризикува катастрофално должничко потфрлање во рок од неколку недели, ставајќи го во ризик 17-члениот блок на нации кои ја користат единствената валута на Европа.

Договорот за помош на Грција предвидува давање на дополнителни 140 милијарди долари на земјата во спасувачки заеми. Исто така вклучува 50 отсто отпишување на долгот на Грција кај приватните европски банки.

XS
SM
MD
LG