Линкови за пристапност

Трибина во Вашингтон: Балканот и заедничката европска политика


U.S. Secretary of State Hillary Rodham Clinton disembarks from her airplane upon arrival in Istanbul, Turkey, Friday, July 15, 2011, for two days of meetings on Libya. (AP Photo/Saul Loeb, Pool)
U.S. Secretary of State Hillary Rodham Clinton disembarks from her airplane upon arrival in Istanbul, Turkey, Friday, July 15, 2011, for two days of meetings on Libya. (AP Photo/Saul Loeb, Pool)

Создавањето на новата европска дипломатска служба и предизвиците на заедничката европска надворешна политика беа тема на расправата што деновиве се одржа во Институтот Брукингс во Вашингтон

Поводот беше промоцијата на книгата „Надворешната политика на Европската Унија – проценка на европската улога во светот“ од група автори која ја анализира заедничката европска политика и новата улога на Европа во мултиполарниот свет. Подготвена ли е Унијата во тој контекст да го преземе суверенитетот од поединечните држави-членки на повисоко, европско ниво? Згора на тоа, како европската надворешна политика се одразува на атлантските односи? - беа главни прашања на расправата.

Западниот Балкан секако е еден о европските предизвици. Според поранешниот италијански премиер Џулиано Амато, постои широк консензус за европската политика кон Балканот. За Македонија Амато смета дека работите се движат во добра насока, освен проблемот со името, за кој кажа дека во основа е бесмислен, укажувајќи на грчкиот тврд став од една страна, но и на тоа дека Македонија на извесен начин самата го усложнила проблемот со именувањето на аеродромот во Скопје како Александар Велики.

„Надвор од тоа, Македонија е мошне блиску до стандардите за пристап до ЕУ. Да не го заборавиме процесот на визна либерализација, што овозможува луѓето од Македонија, Србија и Црна Гора да патуваат слободно во Европа.

Според Амато, тоа е еден од клучните предуслови за членство во Европската унија.

Јас сум сигурен дека работите на крај ќе се разрешат, дека ќе биде невозможно за постојните членки да ја отфрлат Македонија и веројатно Србија и Црна Гора. Босна е посебен проблем.

Даниел Хамилтон, претседател на Центарот за трансатлантски односи на Универзитетот Џонс Хопкинс, пак смета дека токму Балканот е подрачје каде не постои европски консензус за важните политички прашања:

Балканот е подрачје каде и покрај големиот прогрес – не дека имаме американски или европски поглед на него - не постои европски поглед.

Францускиот амбасадор во САД Пјер Вимонт ја потенцира важноста за приклучување на Западниот Балкан кон Европа. Според него, освен разрешување на економските проблеми, приклучувањето е решение и за отворените политички прашања.

XS
SM
MD
LG