Линкови за пристапност

Пентагон го забрани знамето на Конфедерацијата


Ова знаме, од денес, нема да може да се вее на армиски објекти

Одделот за одбрана на САД денес забрани да се поставува знамето на Конфедерацијата на армиски објекти, иако тоа не е експлицитно наведено во официјалното соопштение.

Секретарот за одбрана Марк Еспер, вчеравечер ја потпиша оваа одлука, во која се наведени сите знамиња кои можат да се користат, а меѓу кои не се наоѓа и ова знаме.

„Знамињата кои ги вееме мора да бидат во согласност со воените заложби за ред и дисциплина, третирајќи ги сите луѓе со почит и достоинство, и одбивајќи симболи кои поттикнуваат поделби“, се вели во соопштението на Пентагон, во кое се нагласува:

„Лицата кои служат во Армијата, како и вработените цивили, имаат право да ги поставуваат знамињата кои промовираат обединетост“.

Официјални лица го опишуваат потегот како креативен начин да се забрани знамето на Конфедерацијата, без да се покаже гнев кон претседателот Доналд Трамп, кој ги одбрани правата на граѓаните да го користат овој симбол.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG