Линкови за пристапност

Владата на САД го тужи Крајслер


Компанијата е обвинета за користење на софтвер за лажирање на резултатите од тестовите за испуштање на издувни гасови кај дизел возилата

Американската влада поднесе граѓанска тужба против производителот на автомобили Фиат Крајслер, за користење нелегален софтвер за лажирање на резултатите од тестовите за испуштање на издувни гасови кај дизел возилата.

Тужбата уследи по иницијалните обвинувања од Агенцијата за заштита на животната средина, објавени во јануари.

Проблематични се два модела произведени од 2014-та година до 2016-та година.

Од Крајслер засега нема официјален коментар, но акциите на компанијата забележаа пад за 2,9 проценти.

Во 2015 година, Фолксваген беше обвинет дека користел сличен софтвер за лажирање на стандардите за испуштање на гасови. Компанијата ја призна измамата, и беше казнета со 20 милијарди долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG