Линкови за пристапност

ФБИ отпушти агент кој испратил пораки против Трамп


Питер Стрзок играше клучна улога во раните фази на истрагата на ФБИ за вмешаноста на Русија во изборите во САД

Федералното истражно биро (ФБИ) го отпушти од работа агентот Питер Стрзок, соопшти неговиот адвокат.

Тој беше цел на напад од републиканците заради неговите текстуални пораки кои имале потценувачка содржина кон претседателот Доналд Трамп.

Стрзок играше клучна улога во раните фази на истрагата на ФБИ за вмешаноста на Русија во изборите во САД во 2016-та година. Тој бил сменет откако беа откриени текст-пораки против Трамп, кои тој ги испратил до неговата љубовница Лиза Пејџ, поранешна правна застапничка на ФБИ.

Во една од пораките, Стрзок ветува дека нема да дозволи Трамп да победи на изборите, иако подоцна не беа пронајдени докази дека тој и Пејџ ги наметнале своите политички ставови врз истрагата. Претходно, Стрзок бил дел од истрагата за користењето на приватен сервер од страна на Хилари Клинтон додека таа беше државна секретарка на САД.

Трамп го пофали отпуштањето на Стрзок со коментар на Твитер: „Агентот Питер Стрзок само што беше отпуштен од ФБИ – конечно“.

Претседателот на САД додаде дека „листата лоши играчи“ во ФБИ и Одделот за правда „станува се` подолга и подолга“. Трамп запраша дали „врз основа на фактот дека Стрзок некогаш играл значајна улога во истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер за руското мешање во изборите, таа истрага сега ќе биде отфрлена? Тоа е целосна измама. Немало никаков заговор, немало опструкција на правдата. Јас само возвраќам!“ рече американскиот претседател.

Трамп истрагата за електронските пораки на Клинтон ја нарече „лажна“. "Со неа беше измамена американската јавност и таа треба да биде повторно соодветно спроведена", рече тој!

Истрагата на Мулер трае веќе 15-ти месец. Тој досега обезбеди признание од неколку соработници на Трамп, меѓу кои поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин и поранешниот советник за надворешни работи, Јоргос Пападопулос, кои се изјаснија за виновни за лажење на истражителите за нивните контакти со Русија.

Поранешниот претседател на кампањата на Трамп, Пол Манафорт во моментов е на суд за банкарска и даночна измама, додека работел како лобист во Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG