Линкови за пристапност

ФБИ: Благ пад на инцидентите со вооружени напади


ФБИ наведува дека брои вкупно 50 вооружени инциденти во 2022 година, што е помалку за 61 за разлика од претходната година. Но, оваа статистиката сè уште е за 67% поголема од пред пет години кога имаше 30 вооружени инциденти во САД.
ФБИ наведува дека брои вкупно 50 вооружени инциденти во 2022 година, што е помалку за 61 за разлика од претходната година. Но, оваа статистиката сè уште е за 67% поголема од пред пет години кога имаше 30 вооружени инциденти во САД.

ФБИ соопшти за благ пад на инциденти со вооружени напади, но вели дека билансот ги надмина нивоата во последните пет години.

ФБИ вооружените напади ги дефинира како „еден или повеќе лица кои активно се вклучени во убивање или обид за убивање луѓе во населено место“ како што е училиште или ноќен клуб.

Во ФБИ сите престрелки не се сметаат како активни инциденти со оружје. Во оваа категорија не спаѓаат случаите во самоодбрана, насилствата од банди и друга, како и семејните случаи.

Во објавениот извештај, ФБИ наведува дека брои вкупно 50 вооружени инциденти во 2022 година, што е помалку за 61 за разлика од претходната година.

Но, оваа статистиката сè уште е за 67% поголема од пред пет години кога имаше 30 вооружени инциденти во САД.

„Иако гледаме намалување во споредба меѓу 2021 и 2022 година, ако погледнеме години наназад, во текот на изминатите 20 години како известувавме за вооружени инциденти, и секако во последните пет години, има севкупно зголемување на овој број“, рече висок функционер на ФБИ за време на прес-повикот со новинарите.

Бројот на вооружени инциденти најмногу се зголеми во 2021 година, кога од 40 случаи бројот се искачи на 61, се наведува во извештајот.

Иако помалку луѓе загинаа во вооружените инциденти во 2022 година за разлика од 2021 година, вкупниот број на жртви - смртни и повреди - беше поголем минатата година отколку претходната година.

Лани има вкупно 313 жртви, од кои 100 убиени и 213 ранети, во 2021 година има 243 жртви, вклучувајќи 103 лица убиени и 140 ранети, се вели во извештајот.

XS
SM
MD
LG