Линкови за пристапност

Масни клетки штитат против инфекции


Истражување на Универзитетот на Калифорнија, Сан Диего

Не сите маснотии се штетни - ново истражување откри дека масните клетки коишто се наоѓаат под површината на кожата може да заштитат од бактериски инфекции.

Американски истражувачи тврдат дека кожните масни клетки, познати како адипоцити, произведуваат пептиди или протеини коишто штитат од бактерии. Стручњаците објаснуваат дека адипоцитите веднаш пружаат заштита од бактериите со тоа што произведуваат антимикробни агенси, давајќи им на белите крвни зрнца време да дојдат до жариштето и да започнат да се борат.

Истражувачите на Катедрата за медицина од Универзитетот на Калифорнија, Сан Диего наведуваат дека кај лабораториските глувци со кожна инфекција, масните клетки нараснале и по број, и во големина. Само неколку часа по инфицирањето, клетките произвеле големи количини на антимикробен пептид наречен КАМП.

Деталите од истражувањето се објавени во журналот Наука.

XS
SM
MD
LG