Линкови за пристапност

За влез во САД- профил на Фејсбук и на Твитер


Мерката е дел од напорите на американската влада да идентификува потенцијални терористи

Американската влада почна да бара од посетители да достават информации за нивните профили на социјалните медиуми, како дел од напорите да се идентификуваат потенцијални терористи.

Веќе од минатата недела, странците кои доаѓаат во САД преку програмата за визно олеснување, се очекува да дадат информации за социјалните платформи кои ги користат, и за имињата на нивните кориснички сметки.

Иако доставувањето такви информации не е задолжително, американските официјални лица велат дека нема да спречат влез на никој што ќе одбие да открие такви податоци, потег што предизвика реакции од групите за човекови права.

Групата која ги претставува компаниите, вклучувајќи ги Фејсбук, Твитер и Гугл, коментираше дека новата мерка го загрозува слободното изразување.

XS
SM
MD
LG