Норис добил ново лице од еден анонимен донатор, кој исто така обезбедил срце, бели дробови, црн дроб и бубрег на други пациенти. Јазикот на Норис, забите и горната и долната вилица биле исто така заменети за време на маратонската операција.
Доктор Едуардо Родригез, водечкиот хирург, вели дека Норис е веќе способен да го мрда јазикот, да ги мие забите и да се бричи. Норис живеел изолирано во домот на неговите родители од несреќата, многу ретко излегувајќи надвор и секогаш со хируршка маска што му го покривала лицето.
Операцијата била резултат децениско истражување финансирано од американската армија, со цел да им се помогне на ветераните повредени во војните во Авганистан и Ирак од импровизирани експлозивни направи.