Линкови за пристапност

Претседателот на Европскиот совет со порака до САД, Кина, Русија


Доналд Таск напиша писмо до 27 европски лидери воочи Самитот на ЕУ што во петок ќе се одржи во Малта.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Таск, кажа дека Кина, Русија и новата администрација на претседателот Доналд Трамп, се меѓу главните надворешни закани со кои се соочува блокот земји.

Таск ова го напиша во писмо до 27 европски лидери воочи Самитот на ЕУ што во петок ќе се одржи во Малта.

„Особено, промената во Вашингтон ја става ЕУ во тешка ситуација, со оглед на фактот дека новата администрација го постави прашањето за последните 70 години од американската надворешна политика“, изјави Таск.

Трамп инсистира на политика што би ги ставила САД на прво место и го постави прашањето дали земјите-членки на НАТО имаат фер придонес во Алијансата.

Таск додаде дека ЕУ не смее да им се предаде на оние кои се обидуваат да ја ослабат или поништат врската меѓу САД и ЕУ, како и тоа дека Унијата мора да се бори за своето достоинство во разговорите со САД, Русија, Кина или Турција, и да не се предаде на популистичките аргументи и ксенофобичните ставови што се во спротивност со европската интеграција.

XS
SM
MD
LG