Линкови за пристапност

ЕУ ги продолжи санкциите против Русија, САД го зголемија притисокот врз руската нафта


Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Европската Унија (ЕУ) ги продолжи санкциите против 2.400 поединци и организации воведени поради тековната руска агресија врз Украина. Ова го соопшти претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен.

„Нашата посветеност да ја поддржиме Украина е силна“, рече таа, додавајќи дека овој потег го зголемува притисокот на ЕУ врз Русија.

Европските санкции мора да се обновуваат на секои шест месеци, а за нивно обновување потребни се гласовите на сите земји од ЕУ. Оваа одлука е донесена два дена пред истекот на рокот.

Унгарија се спротивстави на обновувањето на санкциите, барајќи изземање на голем број луѓе од списокот со санкции, објавија медиумите, повикувајќи се на европски дипломати.

На барање на Будимпешта, сестрата на олигархот Усманов, олигархот Моше Кантор и рускиот министер за спорт биле отстранети од списокот со санкции, објавија медиумите.

Одлуката на ЕУ дојде откако САД ги зајакнаа ограничувањата за трговијата со руска нафта, гас, како и банкарските плаќања за руските енергетски ресурси.

На 12 март, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не го обнови ослободувањето за одредени видови плаќања за енергетски ресурси кои одат во санкционирани руски банки.

Исклучувањето последен пат беше продолжено на 10 јануари 2025 година. Тоа беше усвоено од администрацијата на тогашниот американски претседател Џо Бајден на 60 дена за да се дозволи трансакции во енергетскиот сектор, и покрај фактот што финансиските трансакции со руските банки беа под санкции.

Извор: Украинска редакција на Глас на Америка

XS
SM
MD
LG