Линкови за пристапност

ЕУ дозволи почеток на преговори за влез на Украина


Орбан потврди дека се воздржал од гласањето на самитот на ЕУ за, како што рече, „лоша одлука“
Орбан потврди дека се воздржал од гласањето на самитот на ЕУ за, како што рече, „лоша одлука“

Лидерите на Европската Унија денес неочекувано се согласија да ги отворат преговорите за членство со Украина, нешто што унгарскиот премиер Виктор Орбан со недели вети дека ќе го блокира.

Дипломати и официјални претставници на ЕУ рекоа дека Орбан се согласил да ја напушти просторијата, знаејќи дека другите лидери ќе продолжат и ќе гласаат за Украина.

Орбан потврди дека се воздржал од гласањето на самитот на ЕУ за, како што рече, „лоша одлука“.

Таков необичен начин да се одобри одлука - особено толку голема - е невиден во Брисел, дури и за место каде што дипломатите долго време беа многу креативни за тоа како да склучуваат договори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката.

„Ова е победа за Украина. Победа за цела Европа. Победа што мотивира, инспирира и зајакнува“, рече тој.

На Украина многу ѝ е потребна поддршка од западните сојузници во нејзината речиси двегодишна борба против руската инвазија.

Нејзината контраофанзива не успеа да постигне големи придобивки и администрацијата на Бајден досега не можеше да добие пакет помош од 60 милијарди долари за Украина преку американскиот Конгрес.

Шефот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека тоа е „стратешка одлука и ден кој ќе остане врежан во историјата на нашата Унија“.

Орбан имаше многу различни зборови за да ја опише одлуката.

„Ставот на Унгарија е јасен, Украина не е подготвена да започнеме разговори за членство во ЕУ“, рече тој, нарекувајќи ја одлуката за почеток на преговори „ирационална“ и „несоодветна“.

„Но, 26 земји-членки беа категорични дека оваа одлука мора да биде донесена, па Унгарија одлучи дека ако 26 решат така, тие треба да одат по својот пат и Унгарија не сака да учествува во оваа лоша одлука“, рече тој.

Самите разговори веројатно ќе траат со години.

XS
SM
MD
LG