Линкови за пристапност

Не успеа договорот за спасување на еврото


Не успеа договорот за спасување на еврото
Не успеа договорот за спасување на еврото

Европските лидери во петокот ветија построга буџетска дисциплина, но не можеа да се согласат за промена во договорот на ЕУ предизвикани од ситуацијата.

Франција и Германија не успеаа да ги убедат 27-те членки на ЕУ да се согласат на промените за време на самитот во Брисел.

Париз и Берлин сакаа да го променат договорот на ЕУ да инкорпорира казнена одредба за државите кои ќе го пречекорат нивниот буџет. Тие исто така сакаат унифицирана корпоративна даночна стапка и нов данок за финансиска трансакција. Но Британија, која не користи евро, изрази загриженост дека планот може да наштети на нејзиниот суверенитет.

Британскиот премиер Дејвид Камерон кажа дека донел „тешка, но добра“ одлука за блокирање на промените на територија на цела ЕУ.

Унгарија, исто како Британија, се спротистави на новиот договор. Шведска и Чешката Република се неопределени.

Економијата на 17 држави на еврозоната се забавени, и некои аналитичари велат дека веќе се западнати во рецесија. Европската банка презеде скромен чекор пред самитот за намалување на примарната каматна стапка.

Стравувањето дека европската должничка криза може да предизвика дополнителни проблеми предизвика нервоза кај глобалните финансиски пазари и предупредувања од неколку врвни агенции за кредитно рангирање.

XS
SM
MD
LG