Нови демонстрации саботата предизвикаа хаос на скопските улици. Неколку стотини демонстранти - етнички Албанци, како одговор на петочните демонстрации на етничките Македонци (кои протестираа против изборот на Талат Џафери, некогашниот „Командант Форина“ од УЧК, од воениот конфликт 2001-та), наводно самоорганизирани на социјалните мрежи, се собрале пред Владата да го изразат својот револт од петочните настани, но и како знак на поддршка на Џафери.
Најавениот мирен собир ескалирал откако демонстрантите извикувале „УЧК“ и фрлале камења кон полицајците и кон објектот на Владата. По полициската интервенција во која биле користени и солзавец и чадни бомби, толпата била истисната од тој простор, а демонстрантите се повлекле преку мостот „Гоце Делчев“ кон Бит-пазар, но во дивеењето по пат е запален градски автобус, оштетени се неколку приватни возила, и запалени се и искршени автобуски постојки и контејнери. Било запалено и македонското знаме.
Демонстрантите со камења ги оштетиле и стаклата на прозорците на Музејот на холокаустот, а имало оштетувања и на градбата на новиот театар. Откако било забележано дека возила со албански знамиња се упатуваат кон центарот на главниот град, саботата попладне, според информациите на порталите и на социјалните мрежи, Бит Пазар бил под силно полициско обезбедување, и биле контролирани сите приоди кон и излези оттаму, а биле распоредени и оклопни полициски возила. Низ Турската чаршија дел од топлата продолжил со вандализмот, додека сопствениците и случајните минувачи се криеле во затворените дуќани.
Полицијата интервенираше и петокот попладне и вечерта, по протестите на етничките Македонци, кога беше спроведена голема полициска акција за приведување на лицата кои учествуваа во насилствата пред Владата, низ центарот, но и во скопската населба Аеродром. Претходно, во инцидентите низ градот, биле нападнати и натепани случајни минувачи од албанска националност.
Неофицијално, петочните демонстранти, организирани исто така, на социјалните мрежи, себеси се нарекле Здружение на бранители на суверенитетот на Република Македонија, иако дел од набљудувачите шпекулираа дека се работи за млади припадници на навивачки групи. Сепак, тоа го наведе Стојанче Ангелов, бранител во конфликтот од 2001-та, и претседател на „Достоинство“, да се огради од насилствата и да ги отфрли шпекулациите дека учествувал во нив и бил уапсен. Тој демантираше дека неговата партија стои зад организацијата на вечерашните протести. Ангелов и неговата партија покренаа акција за собирање на 150.000 за референдумско изјаснување за смена на Талат Џафери од министерската функција.
Додека саботата имаше нереди по улиците, Собранието одржуваше седница на која, по два месеца бојкот, по првпат учествуваше и опозицијата и на која се создаваше законска можност за одржување на локалните избори.
На барање на координаторот на пратеничката група на ДПА Имер Алиу, беше даден еден час пауза по повод инцидентите.
„Ова е поважно од изборите, изборните датуми и се’ друго. Барам оваа седница да се прекине и да има итна седница за случувањата надвор“, рече Алиу, по што претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, побара случувањата низ улиците на Скопје да не се внесуваат во Собранието.
На седницата имаше и дебата во вид на процедурални забелешки за насилните протести, а опозициската ДПА, по обраќањето на Беким Фазлиу, кој ја обвини владеачката ДУИ дека не ги штити Албанците и побара приведените од денешните протести да бидат ослободени, ја напушти седницата.
Откако ги осуди инцидентите, Ермира Мехмети Деваја од ДУИ потенцираше дека „не треба многу ум оти оваа кампања е инспирирана, поттикната и поддржана од сите оние кои учествуваат во кампањата анти-Талат Џафери“ и побара да не се злоупотребуваат насилствата и инцидентите за политички придобивки.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева искажа жалење за „потпалувањето на меѓуетничките односи во Република Македонија“.