Линкови за пристапност

Систематски силувања и тепања


Бегалски камп во Бадра, северен Ирак
Бегалски камп во Бадра, северен Ирак

Жени од заедницата Јазиди, грабнати од Исламската држава, сведочат за ужасот низ којшто минале

Кога милитантите на Исламската држава (ИД) пред шест месеци зазедоа делови на северен Ирак, една од најпогодените области беше онаа околу планината Синџар, каде што живее етничкото-верско малцинство Јазиди. Милитантите наводно убиле илјадници мажи и грабнале голем број на жени и деца - Јазиди. Неколку од тие жени на крајот успеале да избегаат.

Со сила не` зедоа од нашите мајки, седум девојчиња, и не` однесоа во една куќа во Тал Араф. Храната беше лоша. По еден месец, дојдоа двајца Даеши, избраа неколку од нас и не` однесоа во куќа во Мосул.
Сохам Мухамед, минала шест месеци во заолжништво на ИД

Кампот во местото Бадра, дом на 15.000 раселени Јазиди, се наоѓа во северен Ирак. Илјадници други се` уште се заложници на милитантите на ИД, што тука се познати под името Даеши.

Осумнаесетгодишната Сохам Мухамед избегала по шест месеци во заложништво. Вели дека припадници на ИД упаднале во нејзиното село во август и ги зеле сите мажи.

Сохам Мухамед
Сохам Мухамед

„Со сила не` зедоа од нашите мајки, седум девојчиња, и не` однесоа во една куќа во Тал Араф. Храната беше лоша. По еден месец, дојдоа двајца Даеши, избраа неколку од нас и не` однесоа во куќа во Мосул“, раскажува Мухамед.

Таа вели дека била жртва на систематски силувања и тепања се` до пред еден месец, кога успеала да избега. Раскажува дека трчала цела ноќ, а потоа ја прифатило едно семејство, коешто потоа го контактирало нејзиниот чичко.

Секој борец си купи девојка. Дојдоа да не` купат и да не` продадат, да не` преобратат во Ислам. Не` силуваа и не ни даваа храна. Никој не беше поштеден. Ако некој дадеше отпор, сите не` тепаа, кршејќи ни ги рацете и главите. Ништо не можевме да сториме. Понекогаш по тројца силуваа едно девојче.
Сара Хусеин, сведочи за времето минато во заложништво на ИД

Борците на ИД убиле околу 1.700 лица во селото Кочо. Тие зеле преку 100 жени од селото и ги одвеле во куќа во градот Рака, во северна Сирија, каде што, според сведочењето на 22-годишната Сара Хусеин, уште истата вечер започнало нивното страдање.

„Секој борец си купи девојка. Дојдоа да не` купат и да не` продадат, да не` преобратат во Ислам. Не` силуваа и не ни даваа храна. Никој не беше поштеден. Ако некој дадеше отпор, сите не` тепаа, кршејќи ни ги рацете и главите. Ништо не можевме да сториме. Понекогаш по тројца силуваа едно девојче“, сведочи Хусеин.

Сара Хусеин
Сара Хусеин

Уште полошо е она што им се случува на помалите деца, тврди таа: „Ние побегнавме, но не сме среќни, затоа што нашите семејства не се со нас. Сите наши блиски се кај Даешите. На малите деца им ги перат мозоците и им даваат инјекции. Овие деца во иднина ќе ни ги прават истите нешта како и Даешите“.

Хусеин е гневна и поради реакцијата на меѓународната заедница, за којашто вели дека била задоцнета и недоволна.

„Сите главни земји ја напаѓаат ИД: Америка, Саудиска Арабија, Австралија, Франција, но не им е грижа за нас. Само се грижат за ирачката нафта. Доколку сакаат да ни помогнат, треба да ги ослободат нашите грабнати луѓе“, вели Хусеин.

Таа избегала во ноемви минатата година. Сака да сведочи пред Меѓународниот суд на правдата за она што се случило на неа и на нејзините луѓе.

XS
SM
MD
LG