Откако „креираше“ патека низ југоисточниот дел на Карибите, ураганот „Берил“ ја помина и Јамајка, каде што рибарите како Клајв Дејвис ги осигураа своите чамци.
„Се разви толку брзо од тропска бура. Ваков, немало“, вели рибарот Клајв Дејвис.
Овогодинешната сезона на урагани веќе испишува историја, велат научниците.
„Она што е невообичаено е што се формираат порано во текот на годината отколку што очекувавме. Обично добиваме вакви жестоки бури во август и септември, а оваа година има во јуни и почетокот на јули“, објаснува Ендрју Деслер, од Универзитетот од Тексас.
Во Вашингтон, кој ги забележа најтоплите температури во речиси една деценија, службениците за вонредни состојби го информираа претседателот Џо Бајден и членовите на неговиот кабинет за екстремните временски услови.
Веќе десетици милиони Американци се под предупредување за жештина од рекордни температуриЏо Бајден, Претседател на САД
„Веќе десетици милиони Американци се под предупредување за жештина од рекордни температури. Минатиот месец овде во Вашингтон беа измерени 37 степени; во Феникс, Аризона - 44; во Лас Вегас, 43 Целзиусови“, рече претседателот Бајден.
Бајден истакна дека екстремната жештина е убиец број еден поврзан со временските услови во САД и најави мерки за заштита на Американците, вклучително и нови безбедносни стандарди на работното место со околу 1 милијарда долари финансирање за проекти за заштита од природни опасности како бури и поплави.
Сцени кои веќе се доаѓаат ширум светот на места како Њу Делхи, Индија, кои сега се справуваат со обилни врнежи откако забележаа рекордна висока температура од речиси 53 степени Целзиусови, кон крајот на мај.
„Станува сè пожешко и пожешко. Ова е физика. Исфрламе стакленички гасови во атмосферата и влијаеме на затоплувањето. Поголеми темпрератури на Планатата“, додава Деслер.
Научниците велат дека високите температури, порастот на нивото на морето и промените со циклусот на врнежи - најверојатно ќе значат повеќе бури како ураганот Берил.
Facebook Forum