Линкови за пристапност

Иднината неизвесна за египетското Муслиманско братство


Дали организацијата со соборувањето на Морси од власт и уапсени многу лидери ќе се врати на политичката сцена, е прашање чиј одговор никој не го гледа.

Осум децении египетското Муслиманско братство оперираше од подземјето како незаконска политичка партија. Кога групата доби шанса, еден од нејзините раководители, Мохамед Морси, го презеде египетското претседателство една година, пред да биде соборен од власт.

Што носи иднината за организацијата?

Братството беше под опсада од пучот на армијата врз претседателот Мохамед Морси, пред повеќе од два месеци. Тој чека на судење по обвиненија за поттикнување насилство и убиства, и привремената влада поддржана од армијата уапси многу лидери на Братството.

Египетските безбедносни сили презедоа акција за задушување на подржувачите на Морси кои организираа големи собири, што резултираше во крвопролевање на улиците.

Шибли Телхами, професор за мир и развој на Универзитетот на Мериленд, верува дека Братството е само привремено отстрането. Тој вели дека групата има лојално членство кое е охрабрено, и со време ќе добие назад дел од својата политичка сила.

„Братството се` уште има поддржувачи“, кажа Телхами. „Мислам дека многу луѓе ризикуваат да го потценат нивното влијание. Мислам дека луѓето не можат да ги отпишат, и тие мора да најдат начин да си обезбедат место за себе со движењето на Египет кон избори“.

Шефот на армиските сили на Египет, генералот Абдел Фатах ел-Сиси, неодамна кажа дека „има место за секого во Египет“, зборувајќи за политичката моќ.

Но, како што Телхами гледа, изгледите Братството да има улога во египетската политика делумно зависат и од тоа како египетската влада ќе се справи со групата, по новите избори и усвојувањето на новиот устав. За сега, вели тој, привремената влада има мешани ставови за некогаш-забранетата организација.

„Има луѓе кои мислат дека треба комплетно да бидат забранети, и се гради моментумот за тоа практично со недавањето шанса за учество во египетската политика“, кажа Телхами. Имате и луѓе кои можеби мислат дека со вршење притисок и нивно ослабување ќе можат на крајот со нив да направат договор. Кое ќе победи очигледно зависи од тоа кој ќе победи во рамки на владеачката коалиција, и зависи од тоа колку силна ќе остане опозицијата на Муслиманското братство спрема режимот“.

Друг експерт за египетската политика е помалку сигурен дека Братството ќе добие повторно политичка сила.

Ерик Трагер од Институтот за блискоисточна политика од Вашингтон, верува дека апсењето на многу од лидерите на групата ја „обезглавило“ организацијата. Тие апсења, рече тој, наштетуваат на способноста на Братството да функционира заради тоа што активисти од понизок ранг ги добиваат командите од повисоките лидери.

„Иднината има неколку можности“, вели Трагер. „Една, ќе значи трајно распуштање што се должи на обезглавувањето зашто е отидено по национални и провинсиски лидери. Друга можност е со време да се појават нови лидери, од пониските редови на организацијата. И трета можност е членови на организацијата сега без своите лидери, да станат порадикални исламистички активисти, вклучувајќи го Џихадизмот“.

Дури и членови на Братството, вели Трагер, не се сигурни во која насока ќе оди организацијата. Тој нагласува дека судбината на групата е процес во развој.
XS
SM
MD
LG