Линкови за пристапност

Претседателот Обама ја брани политиката за реформа на образованието


Претседателот Обама ја брани политиката за реформа на образованието
Претседателот Обама ја брани политиката за реформа на образованието

Во говор на конвенцијата на Националната урбана лига во Вашингтон, претседателот Обама кажа дека е свесен за контроверзата што ја опкружува програмата „Трка до врвот“, што тој ја претстави пред една година.

Американскиот претседател Барак Обама зборуваше пред американска група за граѓански права во одбрана на неговите иницијативи за реформа на образованието, вклучувајќи ја и неговата програма за давање грантови како поттик што некои малцински и групи за граѓански права ја критикуваа.

Во говор на конвенцијата на Националната урбана лига во Вашингтон, претседателот Обама кажа дека е свесен за контроверзата што ја опкружува програмата „Трка до врвот“, што тој ја претстави пред една година.

Иницијативата од 4,35 милијарди долари на сојузните држави им дава можност да ги поправат резултатите на училиштата со добивање федерални грантови што можат да ги искористат за вработување ефикасни наставници и да исполнат други стандарди.

Претседателот Обама рече дека наводите оти програмата не им помага на учениците од малцинствата се „апсолутно неточни“.

Тој рече дека грант не може да се добие без план за тоа како тој грант ќе помогне на слабите училишта и на слабите ученици.

Обама кажа дека не е целта да се обвинуваат или да се казнуваат наставниците, туку да се обезбеди одговорност, како и поддршка на наставниците за да бидат ефикасни и да се креира подобра клима и за наставниците и за учениците.

Националната урбана лига нуди програми и услуги за обезбедување економска поддршка и образовни можности за Африканските Американци, и, како што организацијата вели „гарантира граѓански права“.

XS
SM
MD
LG