Линкови за пристапност

Едно лице загина, а 23 се повредени во руското бомбардирање на Миколаив


Оштетени се домови и станбена зграда, а русија негира дека напаѓа цивили
Оштетени се домови и станбена зграда, а русија негира дека напаѓа цивили

Едно лице загина, а 23 се повредени во рускиот ракетен напад на јужниот украински град Миколаив раноутрово.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм рече: „Ноќеска Русија го бомбардираше Миколаив со четири ракети „Калибр“, лансирани од Црното Море“.

Во нападот оштетени се домови и станбена зграда. Русија негира дека цели на цивили, велејќи дека напаѓа воени цели.

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина добила повеќе од 98 отсто од борбените возила ветени од сојузниците и партнерите на НАТО. Испораките вклучуваат 1.550 оклопни возила и 230 тенкови.

Говорејќи денес на прес-конференција во Брисел, тој рече дека НАТО обучил и опремил повеќе од девет нови украински оклопни бригади, ставајќи ја „Украина во силна позиција да продолжи да ја зазема окупираната територија“.

Столтенберг, исто така, рече дека го „поздравил“ повикот меѓу кинескиот претседател Шји Џјинпинг и претседателот Зеленски, но оти тоа не го променил фактот дека Кина сè уште не ја осудила руската инвазија на Украина.

Зеленски рече дека имал „долг и значаен“ телефонски разговор со Шји, при што двајцата лидери се согласиле да испратат претставници во Пекинг и Киев како можен прв чекор за посредување на мировните преговори за ставање крај на руската војна против Украина.

Дел од информациите се преземени од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG