Линкови за пристапност

Русија предвидува рецесија во 2015-та


Еврозоната е близу до рецесија, кинеската економија забавува, а Јапонија е веќе во рецесија, додека економијата на САД покажува забележлив напредок.

Московското министерство за развој во вторник кажа дека прогнозира руската економија да се намали за осум десетини од процентот во 2015-та, наместо проектираните 1,2 проценти напредок.

Причина за ова е опаднатиот профит заради намаленото производство на нафта, што е `рбетот на државниот буџет, и санкциите од Запад, поврзани со руската интервенција во Украина.

Санкциите им нанесуваат штета на руските банки, инвестициите во државата опаѓаат, а вредноста на руската валута, рубљата, паднала за повеќе од 40 проценти годинава.

Министерството за економија кажа дека претходната оптимистичка прогноза била заснована на претпоставката дека санкциите поставени од САД и европските држави би биле симнати следната година, додека новата прогноза претпоставува дека „силните геополитички ризици“ остануваат. Прогнозата гледа натамошно „одлевање на капиталот“ од Русија, пад од 125 милијарди долари во инвестиции наместо поранешната проценка од 100 милијарди долари.

Руската економија беше особено тешко погодена со падот на профитот, додека цената на сировата нафта на светските пазари падна за третина од јуни наваму, на 70 долари за барел и пониско.

Со падот на вредноста на рубљата, инфлацијата во Русија забрза, и може да дојде до девет проценти наредниве недели. Министерството за економија процени дека реалните плати на Русите паднале за 2,8 проценти изминатава година наместо претходната проценка од четири десетини од процентот.

Слабеењето на руската економија е на линија со поцрната перспектива во целиот свет, освен во САД, каде најголемата светска економија покажува забележлив напредок. Еврозоната, блокот од 18 европски држави со единствена валута – еврото, колективно најголема економија во светот, е близу до рецесија, додека кинеската економија забавува и јапонската е веќе во рецесија.

XS
SM
MD
LG