Линкови за пристапност

Политичкото препукување во Вашингтон ги обесхрабрува инвеститорите


Политичкиот застој во врска со трошоците и даноците предизвика паѓање на американските акции во среда, трета сесија по ред.

Најголемите индекси во Њујорк паднаа за седум десетини од процентот во попладневното тргување.

Дон Кети, директор на Школата за јавна политика на Универзитетот во Мериленд вели дека без никаков напредок кон постигнување договор, пазарите можат нагло да паднат:

„Финансиските пазари кои беа прилично тивки до сега, уверени дека ќе има некаков договор, сега може да кажат сите калкулации што ги правевме паѓаат во вода, берзите може да паднат, а нивното паѓање ќе влијае на политичките калкулации на секого“.

Инвеститорите се загрижени дека има малку знаци на напредок во време кога претседателот Обама и неговите сојузници во Демократската партија се враќаат во Вашингтон на разговори со опозиционите републиканци. Без договор стотици милијарди долари во скратувања на владините трошоци ќе влезат во сила по почетокот на годината. Многу економисти веруваат дека „паѓањето во фискалната бездна“ може силно да се одрази на побарувачката, да ја турне американската економија назад во рецесија и да ја зголеми стапката на невработеност.
XS
SM
MD
LG