Линкови за пристапност

Американските потрошувачи – не трошат


Американските потрошувачи – не трошат
Американските потрошувачи – не трошат

Одделот за трговија на САД во вторник кажа дека стапката на штедење пораснала на највисоко ниво годинава, додека стапката на трошење е непроменета од мај до јуни

Според нов извештај американските конзументи се фокусирани на штедење пари, а не на нивно трошење.

Одделот за трговија на САД во вторник кажа дека стапката на штедење пораснала на највисоко ниво годинава, додека стапката на трошење е непроменета од мај до јуни.

Извештајот исто така вели дека дека платите на американските работници за прв пат не се зголемени во деветмесечен период.

Потрошувачката на конзументите е главен двигател на американската економија, на што отпаѓа околу 70 проценти од економската активност на државата.

Минатонеделниот извештај на Одделот за трговија кажа дека недостигот на работни места е причина потрошувачите да го намалат трошењето.

Стапката на невработеност за јуни беше 9,5 проценти. За јули цифрите ќе бидат објавени во петок.

XS
SM
MD
LG