Линкови за пристапност

Американската економија забавува; Потрошувачите загрижени


Американската економија забавува; Потрошувачите загрижени
Американската економија забавува; Потрошувачите загрижени

Бруто домашниот производ пораснал 2,4 percent во периодот од април до јуни, што е побавен раст отколку во првите три месеци од годината - 3,7 проценти.

Нови податоци од владата и од приватни истражувачки групи покажуваат дека опоравувањето на американската економија оди побавно, што ги принудува конзументите да намалат со трошењето.

Американскиот оддел за трговија во петок соопшти дека бруто домашниот производ, најшироката мерка за состојбата на националната економија, пораснал 2,4 percent во периодот од април до јуни. Тоа е побавен раст отколку оној во првите три месеци од годината, кога американската економија растела со стапка од 3,7 проценти.

Американскиот претседател Барак Обама продолжителниот раст на економијата го нарече „добар знак“ но на автомобилските работници во централниот град Детроит, во Мичиген, им кажа дека економијата треба да расте повеќе за да ги креира потребните работни места.

Втората студија објавена во петок најде дека многу потрошувачи стануваат попесимистични.

Студија на Универзитетот на Мичиген покажува дека расположението кај потрошувачите паднало за повеќе од осум процентни поени.

XS
SM
MD
LG