Линкови за пристапност

Второ лице од ОН заразено со ебола


Првото инфицирано лице почина минатиот месец.

Мисијата на ОН во Либерија соопшти дека втор вработен е инфициран со вирусот на ебола.

Во денеска издадено соопштение, мисијата истакна дека на лицето му се пружа медицински третман, но не даде детали за неговата националност. Првото лице од истата мисија инфицирано со болеста почина минатиот месец. Во меѓувреме, директорот на Американските центри за контрола и превенција на болести, Томас Фриден истакна дека борбата против ебола во Африка ќе биде долга и тешка но дека има реални знаци за напредок.

XS
SM
MD
LG