Линкови за пристапност

Земјотрес го погоди источното крајбрежје на САД


Евакуација на персоналот на Гласот на Америка
Евакуација на персоналот на Гласот на Америка

Земјотрес од 5,9 степени погоди поголем дел од источното крајбрежје на САД. Американската геолошка служба соопшти дека епицентарот е на 140 километри од Вашингтон, северозападно од главниот град на Вирџинија, Ричмонд.

Властите го евакуираа Конгресот, Пентагон и други федерални објекти, меѓу кои и седиштето на Гласот на Америка. Сведоци велат дека од потресот паднал најмалку еден конусен врв на Националната катедрала, но нема извештаи за повредени.

Земјотресот се случи на десетина минути пред 20 часот по македонско време, а беше почувствуван дури до Бостон на север, па и во одморалиштето Мартас винјард во Масачусетс, каде претседателот Обама се наоѓа на одмор. Потресот се протегна и до Питсбург на запад и Атланта на југ.

По мал прекин, продолжи со работа јавниот превоз во Њујорк и другите градови.

Двата нуклеарни реактора во општината Луиза во Вирџинија веднаш по потресот биле исклучени благодарение на безбедносни системи. Властите се на пат за областа за да извршат инспекција.

Поради земјотресот, редовното емитување на емисиите на Гласот на Америка засега е во прекин.

XS
SM
MD
LG