Линкови за пристапност

Два месеца Мерко е на црната листа на САД, домашните правосудни органи не кажуваат до каде е истрагата


Рамиз Мерко, на кого ова му е четврти мандат како градоначалник, и понатаму ја извршува оваа функција
Рамиз Мерко, на кого ова му е четврти мандат како градоначалник, и понатаму ја извршува оваа функција

Членови на Државната комисија за спечување корупција велат дека црвеното светло за ова прашање одамна е запалено. „Дали ние не сакаме, не знаеме, не гледаме што се случува со нас“, вели Нури Бајрами, член на ДКСК

Два месеца Мерко е на црната листа на САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:12 0:00

Иако поминаа повеќе од два месеца откако Стејт Департментот на САД го стави струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко на црна листа, поради корупција и наводно мешање во судски предмети, правосудните органи во земјава сè уште нe соопштуваат ништо, односно до каде е истрагата за ваквите наводи, иако против Мерко од 2006 година до 2023, биле поднесени вкупно 30 кривични пријави, од кои 16 се активни, а 14 се застарени.

Од Државната комисија за спречување на корупција велат дека црвеното светло за функционирањето на судскиот систем во земјата одамна е запалено.

„Се чудам за два момента, како ние сме тука толку инертни и неодговорни да не ги имаме во предвид ваквите информации, што беше макотрпна работа и анализа, и како е можно другите да доаѓаат побрзо до информации од самите нас. Дали ние не сакаме, не знаеме, не гледаме што се случува со нас“, изјави Нури Бајрами, член на ДКСК.

Да беа земени предвид сите информации навреме, можеби многу порано ќе беа разрешени некои прашања додава Бајрами.

„Значи сите сме потфрлиле на некој начин, сите сме криви за оваа состојба. Кај нас ништо не се случува, ние сме инертни и треба да чекаме секогаш да реагира некој однадвор, а предметот и материјалите кои ги користеле се креирани од постапувањето на нашите институции, каде што е и државната комисија за спречување на корупција“.

Неодамна Алијанса за Албанците во локалниот Совет во Струга, поднесе Декларација, со која се бараше, Советот да се огради од градоначалникот Мерко, а тој да поднесе итна оставка. Иако не беше подржана од СДСМ и ДУИ, истата ја доставија до странските амбасади во земјава.

„Исто така ние граѓаните на Струга преку нашите политички претставници во Советот на општината, упатуваме итен повик до сите надлежни органи на прогонот во државата, Обвинителството за организиран криминал, полиција, финансиска полиција, правосудните органи и други надлежни органи да започнат истраги по тврдењата на Стејт Департментот на САД што е можно поскоро“, рече Нијази Џумкар, советник од Алијанса за Албанците – Струга.

Во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е предметот и со спорната набавка на луксузниот автомобил ауди А6, за потребите на градоначалникот, за што иницијатива поднесе Антикорупциска.

Во 2019 година до Судскиот совет тие доставиле пријава и за работењето на претседателот на Основниот суд-Струга. Општината од 2010-та година работи со блокирана жиро сметка, па со години од судот се бараше да дозволи зголемување на минимум финансиски средствата со кој работи Општината.

„Откако се врати Мерко за градоначалник во 2017-та година, истиот судија, истиот суд донел решение за ваквиот судски финансиски минимум да се зголеми за двапати од постојниот. Значи ова подразбира политичко влијание и несоодветно однесување на институциите, злоупотребувајќи ја нивната независност“, изјави Бајрами.

Инаку комисија на Јавното обвинителство веднаш по ставањето на Мерко на црна листа, изврши вонреден надзор над постапувањето во сите заведени предмети во обвинителствата против сè уште актуелниот градоначалник.

„За сите наоди, членовите на комисијата на обвинителите им дадоа конкретни укажувања и насоки за натамошното постапување. Дополнителни мерки донесе и Јавниот обвинител на РСМ.

Се испитуваат сите околности, а евентуално утврдените кривични дела нема да останат без соодветен кривичен прогон“, велат од обвинителството.

Рамиз Мерко, на кого ова му е четврти мандат како градоначалник, и понатаму ја извршува оваа функција. Единствено ги стави во мирување сите функции во партијата ДУИ.

XS
SM
MD
LG