Сезонска суша е дел од животот за милиони луѓе кои живеат во Сомалија. Но оваа година сушата е екстремна, најлоша во изминативе децении, и има многу малку места каде стадата можат да пасат. Џон Ваткин работи за Critical Ecosystem Partnership Fund, во партнерство со Conservation International. Тој вели дека хуманитарната криза е нагласена со нестабилноста во Сомалија. Но, жестокоста на сушата може да е резултат и на поширок проблем во животната средина.
„Ова е најлоша суша во 60 години и најлоша глад во 20 години. Ова од причини што во серија години изостана дождот, некогаш во една а некогаш во двете сезони во годината. Затоа нема никаква отпорност во природната база на ресурси. Но овие артифакти се дел од поголем глобален тренд кој е губење на шумите во цел свет, и што значи дека немаме доволно шуми кои обезбедуваат вода“, вели Ваткин.
Последните десет години Африка изгубила околу 30 милиони хектари шума, според Организацијата за храна и земјоделство на ОН. Во цел свет, организацијата проценува дека нето загубата е над пет милиони хектари шума годишно, главно преку пренамена на тропските шуми за земјоделски потреби.
Боб Винтерботом е директор на Ecosystem Services во World Resources Institute. Тој вели дека е важно да се забележи дека она што се прави на екосистемите влијае на нивното функционирање, и на крајот, се одразува на луѓето.
„Сушите беа присутни на Рогот на Африка подолго време, но нивната зачестеност и жестокост се менува во асоцијација со климатските промени“, вели Винтерботом
Винтерботом посочува и на проблеми со менаџментот на природните ресурзи што придонесе за сегашната криза, како преголемо искористување на пасиштатаи сечењето на дрвја за гориво. Гладта бара моментално внимание, но Винтерботом вели дека на подолг рок мора да има подобар менаџмент во оваа област.