Линкови за пристапност

Драган Салтамарски од Израел: Тоа што Хамас го направи, Израелците нема да го простат


Драган Салтамарски, Македонец кој живее и работи во Израел
Драган Салтамарски, Македонец кој живее и работи во Израел

Хамас за 15 дена има пуштено повеќе од 7.000 ракети. Од нив, околу 2.000 ракети имаат паднато во самата Газа. Тоа се рачно направени, бесцелни ракети, вели Салтамарски во разговор за Гласот на Америка, кој веќе осум години живее и работи во градот Батијамет во близина на Тел Авив.

Газа е 50 километри, на 10 киломери во ширина со два милиона луѓе. Таму не се сите Хамасовци, но имаат поддржувачи“, вели Драган Салтамарски, кој е еден од неколкуте Македонци што не го напуштија Израел, по отпочнувањето на конфликтот на 7-ми октомври. Тој веќе осум години живее и работи во градот Батијамет, кој се наоѓа во близината на Тел Авив.

„Овде луѓето кои се староседелци тие се навикнати на ова. Затоа што тоа не се случува 15 дена, туку се случува многу години. Моменталната ситуација, и системот кој јавува кога идат ракети, сега повторно има ракетен напад но подалеку од Тел Авив, околу Бенгурион, но сите ракети се уништени во воздух“, вели Салтамарски.

Разговор со Драган Салтамарски, Македонец кој остана во Израел
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:45 0:00

Во изминатите осум години, работејќи како шофер вели дека многу пати бил во близина на местото каде Хамас го изврши терористичкиот напад на 7- ми октомври. Објаснува како во Израел се гледа на сето ова.

Каква грешка имаат тие направено со ова што го направија на 7-ми. Тоа Израел никогаш нема да им го прости, но тоа и никој не треба да им го прости

„Од таму собирав пошта. Тоа е на самата граница со Газа. Ако зборуваме за Хамас, барем за овие осум години, откако сум јас тука, уште нема еден тенк влезено во Газа или авиони да бомбардираат, ако Газа, односно ако Хамас не почнува прва да фрла, да стела со ракети. Каква грешка имаат тие направено со ова што го направија на 7-ми. Тоа Израел никогаш нема да им го прости, но тоа и никој не треба да им го прости. Да убиваш млади луѓе, кои биле на забава, масакар да правиш, да влегуваш по дома, што просто е чудо. Они имаат за 15 дена пуштено повеќе од 7000 ракети. Од тие 7.000, едно 2.000 ракети имаат паднато во сама Газа. Тоа се рачно направени, бесцелни ракети, затоа што каде ќе падне ќе падне“, објаснува Салтамарски.

Вели дека голем број луѓе досега го напуштиле Израел. И покрај сè не планира да ја напушти државата. Очекува дека ситуацијата ќе се смири и оти ќе има дипломатско решение.

„Како што јавуваат новинарите од Израел, има повеќе од 7000 луѓе, што го напуштија Израел. Тоа се странци, туристи, луѓе со двојно државјанство. Но тука остануваат уште Македонци, кои не сакаат да си одат“, вели Салтамарски.

Израелскиот ракетен систем „Железна завеса“ уништува надоаѓачки проектили од Газа
Израелскиот ракетен систем „Железна завеса“ уништува надоаѓачки проектили од Газа

Од македонското министерство за надворешни работи не кажуваат уште колку македонски граѓани се наоѓаат во Израел. Велат дека тројца државјани на Република Северна Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштиле Газа и во придружба на вршителот на работи во македонската Амбасада во Каиро, биле упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Северна Македонија.

Со нив, преку Рафах се евакуираше и мајката на децата, која има палестинска патна исправа.

Во Газа има уште двајца македонски граѓани, брачен пар, кои се исто така вклучени во официјалните листи за евакуација, но нивното напуштање на Газа зависи од околностите на терен, односно безбедносната проценка кој дел од Газа е најпогоден, а со тоа и потребата за итна евакуација на странските државјани велат од МНР. Министерството преку својата дипломатска мрежа во Каиро и Тел Авив останува во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со македонските државјани до завршување на целосното нивно евакуирање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG