Линкови за пристапност

Жестоки реакции за изјавата на Доналд Трамп


Републиканскиот претседателски кандидат се заложи за „целосна и комплетна забрана“ за влез на Муслимани во САД

Од Белата куќа, Пентагон, светските лидери и групите за заштита на правата на муслиманите изразија жестока критика за изјавата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп за целосна и комплетна забрана за влез на Муслимани во САД.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест ја нарече реториката на Трамп „навредлива и токсична“ и изјави дека неговиот план „го дисквалификува да ја извршува функцијата на претседател“, затоа што ќе го прекрши Уставот, како што рече, ако ја имплементира таа изјавата.

Во Пентагон, портпаролот Питер Кук го подвлече военото партнерство со муслиманските нации, како и учеството на Муслиманите - припадниците во американските сили, и предупреди од безбедносни импликации дека Исламската држава може да ги зацврсти тврдењата дека САД се во војна во Исламот.

Спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан рече дека предлогот на Трамп за „целосна и комплетна“ забрана за влез на Муслимани во САД се` додека лидерите на нацијата „не утврдат што всушност се случува“ е спротивно на принципите и заложбите на Републиканската партија.

„Слободата на религијата е основен уставен принцип. Врз тој принцип, е градена оваа нација“, рече Рајан.

Од другата страна на Атлантикот, британскиот премиер Давид Камерон го окарактеризира планот на Трамп како „нешто што предизвикува раздор, не и` помага на актуелната ситуација, и е погрешен“. Американскиот државен секретар Џон Кери на новинарите во Париз им рече дека коментарите на Трамп не се конструктивни.

Портпаролката на Агенцијата за бегалци на ОН, која организира релоцирање и прифаќање на сириски бегалци во САД, изрази загриженост дека ваквата реторија базирана на изборна кампања, ја става во ризик мошне важната програмата за помош на бегалците и мигрантите.

XS
SM
MD
LG