Доналд Трамп денеска (12 декември) ќе го заѕвони ѕвоното на отворањето на Њјоршката берза, истиот ден кога магазинот Тајм го прогласи за „Личност на годината“ за 2024 година.
Новоизбраниот републикански претседател го изгради своето богатство како инвеститор во недвижнини во Њујорк, а потоа се вклучи во политиката.
Ѕвоното го означува почетокот или затворањето на трговскиот ден на најголемата светска берза и се смета за чест.
Ова не е првпат Трамп да ја добие титулата „Личност на годината“. Тоа претходно се случи во 2016 година. Магазинот Тајм ги прогласи демократскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис за „Личност на годината“ во 2020 година кога победија на изборите. Минатата година оваа титула ја доби поп ѕвездата Тејлор Свифт.
Facebook Forum