Линкови за пристапност

Џунтинт - празник по повод ослободувањето на робовите


Џунтинт - празник по повод ослободувањето на робовите
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:32 0:00

Во САД трета година по ред се одбележува Џунтинт, федерален празник по повод ослободувањето на робовите со Афроамериканско потекло во 1865 на крајот на Граѓанската војна.

Во САД трета година по ред се одбележува Џунтинт, федерален празник по повод ослободувањето на робовите со Афроамериканско потекло во 1865 на крајот на Граѓанската војна.

Името на празникот потекнува од 19-ти јуни 1865 година, кога американскиот армиски генерал-мајор Гордон Гренџер маршираше во Галвестон во сојузната држава Тексас и информираше околу 250 000 робови дека се слободни по четири години од американската граѓанска војна – меѓу северните и јужните Конфедерации на САД.

Генералот Гренџер нареди да се спроведе Прокламацијата за еманципација потпишана на 1 јануари 1863 година од тогашниот претседател Абрахам Линколн, која ослободи повеќе од три милиони робови – Афроамериканци низ целата Конфедерација – но вистински стапи на сила на крајот на војната.

Заедниците со Афроамериканско потекло празникот го одбележуваат со приватни прослави. Во 1980 година се одржа првото одбележување на празникот Џунтинт, кога сојузната држава Тексас го прогласи за државен празник. Другите заедници низ САД полека почнаа да го прифаќаат годишното одбележување како државен празник, што на крајот доведе до тоа сите 50 држави вклучително и Вашингтон сега да го признаат денот.

Напорот да се направи Џунтинт федерален празник доби на интензитет за време на движењето „Black Lives Matter“ кои се залагаат против расизмот и полициската бруталност, особено по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицаец – белец од Минеаполис во 2020 година.

Голем дел од преземените акции за признавање на Џунтинт како федерален празник ѝ се препишуваат на Афроамериканката Опал Ли, пензионирана учителка и активистка позната како „бабата на Џинтинт“. Како дете, Ли била сведок на група од 500 белци врховисти како вандализираат и до темел го запалиле домот на нејзиното семејство.

Во 2016 година, на 89-годишна возраст, таа започна кампања со пешачење, и патувала стотици километри од нејзиниот роден град Форт Ворт, Тексас, до Вашингтон – целта во тоа време била таа да изврши притисок за Џунтинт да стане федерален празник. Нејзините напори се остварија во 2021 година, кога претседателот Џо Бајден го потпиша законот усвоен од Конгресот со кој во САД Џунтинт се одбележува 11-ти национално признат празник.

Во прокламацијата со која се признава Џунтинт, претседателот Бајден рече дека Џунтинт „не само што го означува крајот на првобитниот грев на Америка за ропство, туку и почетокот на работата во срцето и душата на нашата нација: давање ветување за реална Америка за секој Американец“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG