Линкови за пристапност

Американската армија предупредена за терористички напади


ФБИ и Одделот за домашна безбедност предупредуваат на можен напад од исламистички терористи врз американски армиски трупи внатре во САД.

АБЦ Њуз извести во неделата дека дошла до заеднички разузнавачки билтен испратен до агенции за спроведување на законот предупредувајќи дека сили на Исламската држава може да целат на САД во нивните граници.

Билтенот ги предупредува оние кои служат во униформа да избришат од нивните Интернет страници на социјални медиуми се` што би можело да го привлече вниманието на „насилничките екстремисти“ или да го открие идентитетот на лица во армиска служба.

Весникот на Одделот за одбрана, Ѕвезди и линии, вели дека слично предупредување до трупите било издадено откако двајца униформирани канадски војници биле убиени од самопрогласени поддржувачи на Исламската држаба минатиот месец во Отава.

XS
SM
MD
LG