Линкови за пристапност

Секретарот за одбрана на САД ќе патува во Европа да зборува за Русија и Авганистан


Секретарот за одбрана на САД Лојд Остин следната недела патува во Европа со цел да ги зацврсти односите со НАТО сојузниците.

Остин ќе ги посети Грузија, Украина и Романија, а патувањето ќе го заврши во Брисел на средби со сојузниците и партнерите во однос на одбраната.

Тој се очекува да зборува за Русија, како и за приоритетите на НАТО Алијансата по повлекувањето на трупите од Авганистан.

Официјални лица од одбраната на САД за Гласот на Америка изјавија дека секретарот Остин и сојузниците ќе дискутираат каде да го пренасочат воениот фокус.

Посетата се случува во време кога се доведува во прашање лидерската улога на Америка поради начинот на кој ја заврши војната во Авганистан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG