Планот на Бејнер привлече критика од ултра-конзервативната фракција во Републиканската партија, Ти парти, и од опозиционите демократи. Конзервативците велат планот скратува многу малку од трошоците, а демократите се жалат дека планот на Бејнер ќе го донесе прашањето повторно назад пред следните избори.
Дури и ако планот на Бејнер мине во Претставничкиот дом што е под контрола на републиканците, тој се соочува со пречки во Сенатот каде контролата ја имаат демократите.
Без договор да се крене легалниот лимит на долгот над 14,3 трилиони долари до 2-ри август, американскиот Оддел за финансии вели дека нема да има доволно пари да за плаќање на сметките. Освен тоа, агенциите за кредитен рејтинг може да го намалат рејтингот на САД, што би довело до зголемување на каматните стапки и би му наштетило на економскиот растеж.