Линкови за пристапност

Нова поделеност на Европа 30 години по падот на Берлинскиот зид


Нова поделеност на Европа 30 години по падот на Берлинскиот зид
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Во Њузеумот во Вашингтон панелисти дискутираа за новите предизвици на односите меѓу Европа и САД; И Северна Македонија засегната од тешкотиите за постигнување консензус во Унијата

Во Њузеумот во Вашингтон се наоѓа дел од Берлинскиот зид. 30 години по неговото паѓање различни политички ветрови дуваат како во Европа, така и во САД. Ова отвора нови предизвици. Токму за тие предизвици се разговараше на дебата во Вашингтон.

Панелистите на дебатата, во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“ и влијателниот германски весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, се согласија дека три децении по падот на Берлинскиот ѕид многу работи се променети и во Европа и во САД. Либералната демократија е под закана, десничарските идеологии се во подем, а долгогодишните сојузи се под притисок.

Поранешниот претседател на Светска Банка Роберт Зелик, кој во 1989 година беше вклучен во германската унификација како американски преговарач вели дека ова се тешки времиња, но дека мора да се работи на надминување на разликите.

„Односите меѓу САД и Германија и воопшто меѓу САД и Европа се делумно пореметени за време на мандатот на администрацијата на Трамп. Жалам што е така. Бев вклучен во унификацијата на Германија и тоа беше важно не само како обврска на САД од студената војна, туку и затоа што сметавме дека обединета Германија ќе биде најважната држава во Европа. Сакавме добри американско-германски односи. Сепак, луѓето во Европа треба да разберат дека САД имаат претседател, но не владетел како во Кина. Имаме општество. Ако разговарате со луѓе во Конгресот, со градоначалници, пошироката бизнис заедница.. ќе видите дека има голема база за поврзување“, вели Зелик.

Во време кога Северна Македонија ги прави последните чекори до членството во НАТО и е во исчекување на одлуката за датум за почеток на преговори со Европската Унија, го запрашавме претседателот на „Конрад Аденауер“ и поранешен претседател на германскиот парламент, Норберт Ламерт, колку овие процеси се под влијание на внатрешните поделби во Унијата.

„Што се однесува до Европската Унија за жал во ситуација сме кога има најмал консензус помеѓу земјите членки во однос на заедничките идни перспективи. Тоа со други зборови значи дека пред да го реорганизираме овој систем нема смисла, веројатно не можеме да дозволиме нови членки без да дојдеме до нов консензус за нашето разбирање на идните перспективи. Што се однесува до НАТО секогаш велевме дека мора да се најде решение со Грција и тоа се најде. Би го ризикувале нашиот кредибилитет кога не би го исполниле нашиот дел“, вели Ламерт во изјава за Гласот на Америка на македонски.

Фрагментацијата во Европа, Брегзит, економските текови.. сето тоа дополнително ја усложнува сликата за Европа, посочија панелистите на дебататата во Вашингтон, нагласувајќи дека Европа сепак треба да извлече лекции од падот на Берлинскиот ѕид и да го реструктуира духот на обединетост.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG