Линкови за пристапност

Претседателот Трамп прогласи вонредна состојба во Калифорнија


Илјадниците евакуирани жители по опасноста од попуштање на браната Оровил, се вратија во своите домови, но се соочуваат со нови предупредувања.

Претседателот Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Калифорнија, обезбедувајќи државна помош за областа близу браната на езерото Оровил, што беше во опасност да попушти. Највисоката брана во САД се наоѓа на 250 километри североисточно од Сан Франциско.

На околу 200-те илјади жители кои мораа да се евакуираат, им е дозволено да се вратат во своите домови. Сепак, тие се предупредени дека доколку поправките не одат според планот, можно е повторно да треба да ги напуштат живеалиштата.

Три организации за заштита на животната средина преку една деценија ги обвинуваат локалните и федерални власти за неуспех да ја подигнат браната на ниво на модерни безбедносни стандарди.

XS
SM
MD
LG