Линкови за пристапност

Американците сакаат ослободување од празничниот стрес


Божиќ ќе биде поудобен, барем ако се суди по облеката која ја купуваат Американците. Според познавачите на пазарот, тие купуваат удобни маици, џемпери, пижами, чорапи и папучи.

„Мислам дека сме изложени на голем стрес и удобноста на некој начин е бегство кон подобро расположение“ вели аналитичарката на трендовите на пазарот, Марија Руголо од организацијата NPD Group, која додава дека потребата за удобност и флексибилност се одразува и на побарувачката на производи, како што се виртуелните помошници, роботските правосмукалки, итн.

Миксерите, електрични четки за заби и машините за кафе исто така се популарни.

Годинава купувачите имаат намера да потрошат просечно по 693 долари за празнични подароци. Истражувањето открива дека најголеми потрошувачи се Американците на возраст над 73 години, а потоа оние на возраст од 54 до 72 години.

Покрај тоа, силната економија може да ги поттикне купувачите да ги отворат паричниците пошироко.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG