Линкови за пристапност

Потврден случај на болеста кравјо лудило во Калифорнија


Два јужнокорејски увозници прекинаа со продажба на американско говедско

Џон Клифорд, главен ветеринарен претставник на американскиот Оддел за замјоделство откритието го соопшти во вторник:

„Животното било крава за молзење од Калифорнија. Нашата лабораторија го потврди наоѓањето и исто така индицираше дека тоа било атипична форма на болеста. Не е веројатно дека тоа може да се поврзе со заразена храна, што е вообичаен метод на ширење на болеста од крава на крава“.

Јужнокорејски земјоделски претставници велат дека ќе ги засилат инспекциите на увозот на американско говедско месо во светлина на соопштението од вторник, но велат дека нема да го суспендираат царинскиот протек на американско месо, што практично би го запрело увозот.

Сеул постави забрана за увоз на американско говедско откако првично беше откриена болеста кравјо лудило. Ја симна забраната во 2008 по постигнувањето на спогодба со Вашингтон, спогодба што причини неколкунеделни масовни улични протести. Јужна Кореја увезе 107.000тони на говедско во 2011.

Откритието може да има влијание на тековните преговори меѓу САД и Јапонија во врска со транс-пацифичкиот трговски договор. Токио исто така забрани увоз на американско говедско во 2003, но се согласи во 2005 да го ограничи увозот на добиток на 20 месеци стар или помлад.

Главниот секретар на јапонскиот шеф на кабинет Осаму Фуџимара на новинарите во среда им кажа дека откритието нема да има влијание на трговските разговори.

Фуџимара исто така кажа дека владата нема да ја промени постапката за инспекции, бидејќи инфицираната крава била постара од 30 месеци.

Кравјото лудило го напаѓа мозокот на заразениот добиток и секогаш е фатална болест. Лекарите веруваат дека луѓето може да се заразат со човечка форма на болеста преку јадење на месо од заразена крава.

XS
SM
MD
LG