Линкови за пристапност

Враќањето на училиште го зголеми бројот на инфекции на Ковид-19 во САД


САД се близу да надминат шест милиони потврдени случаи на коронавирус, заедно со 183.000 смртни случаи.

Четири средно-западни држави неодамна известија за рекордни еднодневни зголемувања на бројот на нови случаи: Ајова (785), Северна Дакота (375), Јужна Дакота (425) и Минесота (1.000), сите според податоците на универзитетот Џон Хопкинс.

Во меѓувреме, Монтана и Ајдахо соопштија рекордни бројки на хоспитализирани пациенти со КОВИД-19.

Додека Средниот Запад е најновото жариште на коронавирусот, нацијата како целина забележува пад на бројот на смртните случаи, хоспитализациите, стапката на позитивно тестирани и бројот на нови случаи.

Порастот на бројот на нови случаи се должи на големите собири. Во Ајова, округот што е дом на Универзитетот на Ајова и државниот универзитет, известуваат за многу нови случаи. И двете образовни институции одржуваат часови во училишните објекти. Други инфекции се должат на годишната моторијада во Штургис, Јужна Дакота, вклучувајќи 88 случаи само во Јужна Дакота.

Додека САД имаат најмногу регистрирани инфекции во светот, тие се наоѓа на 10-то место врз основа на бројот на случаи по глава на жител, при што Бразил, Перу и Чиле имаат повисоки стапки на инфекција, според извештајот на Ројтерс.

Во вторникот, француските деца треба да се вратат во своите училници, но министерот за образование во неделата рече дека зголемувањето на инфекциите со коронавирус ги доведуваат во прашање овие планови.

Франција секојдневно пријавува неколку илјади нови инфекции. Во пресрет на најавеното започнување на часовите, француските лекари повикуваат на построги мерки, вклучително и носење на маски за ученици уште од шест години и онлајн настава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG