САД вчера регистрираа над 512.000 нови зарзени со коронавирус, што претставува највисок број од почетокот на пандемијата, објави Универзитетот Џонс Хопкинс.
Според најновите податоци, има рекорден број на заразени и хоспитализирани деца со ковид-19.
Центрите за контрола и превенција на болести на САД, сепак ја намалија првичната пресметка за бројот на заразени со новата варијанта омикрон.
Оттаму велат дека омикрон претставува 59 проценти од сите варијанти на ковид во САД, далеку понизок процент од првичната пресметка од минатата недела, кога властите изјавија дека омикрон доминира со 73 проценти.
Зголемениот број на заразени во САД доведе до откажување на фудбалската сезона на спортски натпревари, откако многу играчи беа тестирани позитивни.
Во светски рамки, бројот на регистрирани нови случаи се зголемил за 11 отсто во споредба со минатата недела, објави Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО соопшти дека ризикот од омикрон останува многу висок.
Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес
Facebook Forum