Калифорнија стана првата сојузна држава во САД што нареди наставниците или да бидат вакцинирани против ковид-19 или неделно да се тестираат.
Гувернерот Гевин Њусом рече дека новата наредба се однесува и за јавни и за приватни училишта низ целата сојузна држава, а ги вклучува и соработниците на наставниците, возачите на школски автобуси, персоналот во кафетериите и волонтерите.
Наредбата на Њусом ја поддржа претседателот на Асоцијацијата на наставници во Калифорнија Тоби Бојд.
„Наставниците треба да бидат во училница со учениците. Најдобар начин тоа да го постигнеме е секој што медицински се квалификува да се вакцинира“, рече тој.
Наставничките унии на локално и национално ниво во државата во голема мера ја омекнаа опозицијата против задолжително вакцинирање, како што нагло се зголеми бројот на заразени поради брзото ширење на делта варијантата на ковид-19.
Facebook Forum