Линкови за пристапност

Три месеци гарантиран имунитет по излекување од ковид-19, велат Центрите за контрола и превенција на болести во САД


Веројатно е дека би можело да се создаде имунитет и од шест до 12 месеци, додава поранешен експерт од Администрацијата за храна и лекови

Поранешен официјален претставник на Администрацијата за храна и лекови на САД Скот Готлиб, изјави дека оние што ќе се заразат со вирусот и оздрават, може да очекуваат да имаат имунитет една година.

Во интервју за Си-би-ес, Готлиб зборуваше за новите откритија на Центрите за контрола и превенција на болести, кои укажуваат на гарантиран имунитет од три месеци.

„Но, веројатно е дека може да се создаде имунитет од шест до 12 месеци. Ќе биде многу различно. Некои луѓе ќе имаат помал имунитет, некои малку поголем. Но, добра вест е што нема да можат повторно да се заразат во рок од најмалку три месеци или подолго“, рече тој.

Сепак, тој предупреди дека ковид-19 е нов коронавирус, и оти има многу работи кои лекарите не ги знаат со сигурност.

САД регистрираа повеќе од 170.000 смртни случаи, што претставува најголем број во светот.

Експерти од Универзитетот на Вашингтон, предвидуваат дека овој број ќе се искачи на 186.000 до први септември, и повеќе од 390.000 до први декември.

Бројот на смртни слуачи во Индија надмина 50.000, откако беа потврдени 900 мртви во еден ден како последица на вирусот.

Индија е четврта држава во свет според бројот на смртни случаи, веднаш за САД, Бразил и Мексико.

Нов Зеланд, која издржа повеќе од 100 дена без регистрирана трансмисија на вирусот, ги одложи изборите закажани за следниот месец поради новиот бран заразени. Изборите ќе се одржат на 17 октомври.

Јужна Кореја, пак, денес регистрираше 197 нови заразени, откако неколку месеци имаше само по 50 нови заразени на ден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG