Рускиот претседател Владимир Путин најави олеснување на рестрикциите за коронавирус на национално ниво.
Во говор денеска, Путин рече дека од утре престанува да важи забраната да се оди на работа, но, оти им остава на локалните гувернери да одлучат кои индустрии ќе можат да се отворат.
Тој изјави дека е од суштинско значење да се заштитат работните места и да се отвори економијата, но, нагласи дека мора да се преземат мерки на претпазливост, а рестрикциите да се олабавуваат постепено, со цел се спречи нов бран на заразени со КОВИД-19.
Тој, исто така, рече и дека до први јуни, ќе објави нов план за заживување на економијата.
Во Москва, епицентар на заразата во Русија, и со над 115,909 случи на коронавирус, мерките за изолација се продолжени до 31 мај, а граѓаните од утре задолжително ќе мора да носат маски и ракавици на јавни места.
Facebook Forum